Back to top

Sabbath Bible Lessons

Поуки од книгата Делата на апостолите (1)

 <<    >> 
  Сабота, 1. мај 2021.

Дар во првата сабота За мисиите во светот

Христовите зборови им се познати на Неговите следбеници: „Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание“ (Марко 16:15).

Зошто оваа моќна наредба е толку впечатлива? Вечното евангелие треба да се однесе во ЦЕЛИОТ свет - „на жителите земни, на секое племе и колено, јазик и народ“ (Откровение 14:6).

„Но како да Го повикаат Оној во Кого не поверувале? Како, пак, да поверуваат во Оној за Кого не слушнале? А како да слушнат, ако нема кој да проповеда?“ (Римјаните 10:14). Толку многу драгоцени души се наоѓаат во длабока темнина и целосна збунетост! „Но Бог сè уште има Свој народ во Вавилон и пред Вавилон да биде казнет со Божјите судови, верните треба да бидат повикани да излезат од него „да не соучествуваат во неговите гревови и да не добијат од казните негови...

Но никого Божјиот гнев нема да го стигне пред да допре вистината до неговото срце и совест, и пред тој да ја отфрли. Има многу луѓе кои никогаш немале можност да ги слушнат посебните вистини за ова време. Должноста која произлегува од четвртата заповед никогаш не им била изнесена во вистинска светлина. Оној, кој го чита сечие срце и ја испитува секоја побуда, нема да дозволи ниту еден од оние што бараат да ја запознаат вистината да биде измамен во врска со прашањето околу кое постои борба. Декретот нема да му биде слепо наметнат на народот. Секој ќе има доволно светлина својата одлука да ја донесе врз основа на здравиот разум“ – Големата борба, 604,605.

А како да слушнат? Сите можеме да допреме до пријателите, роднините, соседите, познаниците и странците бесплатно. Но, има уште многу да се направи во места што се надвор од нашиот дофат. Нашите парични средства можат да се користат за воспоставување мисионерски активности во нови области. Затоа, кога ќе се собира дарот во првата сабота за мисиите во светот, запомнете ја оваа потреба и дадете великодушно - и нека вашата вера биде богато наградена!

Генерална конференција оддел за мисионство

 <<    >>