Доброволен прилог во првата сабота За мисионерските школи
Со радосна послушност кон Божјиот налог: „Одете по целиот свет и научете ги сите народи“, Реформното движење на Адвентистите на седмиот ден тежнее да припреми обучени работници за извршување на оваа задача.
Мисионерските школи се едно од главните средства во тој дел на припремата. Овие школи, подигнати во различни делови на светот, треба да бидат насочени кон поучување на нашата младина за „сегашните вистини“, и за најдобрите методи со чија помош оваа вистина може да им биде пренесена на другите.
„Вистинското воспитување е обука за служба. Секој Божји син и ќерка е повикан да биде мисионер, повикани сме да Му служиме на Бога и на нашите ближни, и целта на нашето воспитување треба да биде пракса, која ќе нѐ оспособи за оваа служба.“ – Здравје и среќа, 395.
Во извршувањето на оваа воспитна задача се наоѓа двострана придобивка. Не само што искрените, жедни души примаат благослов, туку и оние кои им ја пренеле вистината ќе бидат зајакнати и потесно поврзани со Бога:
„За да се зајакне нашата младина во борбата со искушенијата, треба да се основаат школи во кои ќе се оспособуваат за корисност во овој живот и за служба на Бога низ целата вечност.“ – Совети за родители, учители и студенти, 412.
Божјата слугинка ги подржувала ваквите активности и ги охрабрувала верниците и тие да се вклучат во ова дело, во прифатлива служба:
Оној кој се стекнува со знаења за да може поуспешно да се залага оние кои пропаѓаат, активно учествува во спроведувањето на Божјиот план за паднатиот човечки род. Во несебичната служба на благослов на другите тој го исполнува високиот идеал на христијанското образование.
Господ повикува силни, посветени и самопожртвувани млади луѓе да стапат во првите редови, и после кратко време поминато во школување да бидат спремни на светот да му ја пренесат Неговата порака. – Совети за родителите, учителите и студентите, 453, 455.
Затоа, љубезно ги замолуваме сите браќа ширум светот да ги отворат своите срца за оваа потреба и великодушно да допринесат за развој на оваа трудољубива и вредна гранка од Божјото дело оваа сабота, за да се собере посебен дар за оваа намена.
Благодариме однапред, и Бог нека ги благослови и даровите и оние кои даруваат.
Вашите браќа од отсекот за воспитување при Генерална Конференција