Предговор
Темата за христијанското воспитување проучувана е најмалку шест пати за речиси 100 години од издавањето на библиските лекции. Учениците и учителите можеби ќе се заинтересираат за онлајн архивата на публикациите каде што сѐ уште можат да се проучуваат лекции од 1946, 1952, 1969, 1986, 1990 и 2008 година.
Во овaa лекциja не тежнееме да ја покриеме истата основа како во претходните лекции. Наместо тоа, ќе настојуваме да се позанимаваме со суштината на воспитувањето во однос на времето во кое живееме,а тоа е воспитувањето кое води до комплетирање на делото на проповедање на евангелието низ целиот свет.
Од денот кога Исус дал ветување: „Кога ќе отидам и ќе ви приготвам место, пак ќе дојдам и ќе ве земам вас кај Себе за да бидете и вие каде што сум Јас“ (Јован 14:3), се појавиле и заминале многу генерации. Делото на ширење на евангелието и припремата за второто Христово доаѓање постојано напредува. Еден ден Тој конечно ќе дојде и оние кои живи ќе Го дочекаат ќе бидат последна генерација.
Од почетокот на адвентното движење надежта на верниците била дека тие ќе припаѓаат на „последната генерација.“. Сепак, Господ и понатаму чека. Очигледно е дека треба да изврши едно дело и во црквата и надвор од неа. Бидејќи, „кога ќе узрее плодот, веднаш испраќа срп, зашто дошло времето за жетва“ (Марко 4:29). „Кога неговиот карактер совршено ќе се обнови кај неговиот народ, тогаш Тој ќе дојде да ги земе како свои.“ - Христовите очигледни поуки, 69.
Вистинското воспитување се дефинира како „хармоничен развој на физичките, менталните и духовните сили. Тоа го припрема ученикот за радосната служба во овој свет и за повозвишена и порадосна служба во светот кој треба да дојде.“ – Воспитување, 13. Секако, ние треба искрено да проучуваме за да го разбереме вистинското воспитување од причини што оваа припрема треба да биде извршена во сите нас.
Пред повеќе од еден век на црквата ѝ е дадено ова свечено предупредување: „Сега, како никогаш порано, ние треба да ја сфатиме вистинската наука на образованието. Ако пропуштиме да го разбереме тоа, никогаш нема да има место за нас во Божјото царство.“ - The Christian Educator, August 1, 1897.
Да обратиме внимание денеска на овој предизвик, да одговориме на повикот и да го довршиме делото на воспитување во послeдната генерација.
Оддел за саботна школа при Генерална конференција