Недела
1. септември
1. ГОЛЕМАТА ПОТРЕБА
а. Која е денешната потреба на светот? Јован 12:32.
„Додека го отфрламе своето „јас“ на страна, Исус Христос секогаш да биде воздигнат и величан.“ – The Voice in Speech and Song, p. 322.
„Воздигнете го Него, Христос од Голгота, воздигнете Го за да може светот да го набљудува. Зборувајте за Неговата добрина, пејте за Неговата љубов и заблагодарете Му се од срце.“ – The Upward Look, p. 37.
б. На кој начин треба да се изврши ова дело? Изреки 23:12; Матеј 28:19.
„Ние треба да воспитуваме, и да воспитуваме, за да го припремиме народот кој ќе ја разбере веста, а потоа таа вест да му ја пренесеме на светот.“ – The Review and Herald, February 6, 1908.
„Како никогаш до сега, ние денес треба да ја сфатиме вистинската наука за воспитувањето. Ако го пропуштиме тоа, никогаш нема да добиеме место во Божјото царство.“ – Ум, личност, карактер, 47.
„Ќе ни бидат потребни школи додека трае времето на милоста.“ – Совети за родителите, учителите и студентите, 345.
Понеделник
2. септември
2. ФИЗИЧКИ ВЕЖБИ
а. На кој начин повикот на Елисеј ја истакнува физичката обука како подготовка за духовна работа? 1. Цареви 19:19.
„Практичната работа поттикнува на внимателно набљудување и самостојно размислување. Ако внимателно се извршува, таа го потпомага развојот на онаа практична мудрост која ја нарекуваме здрав разум. Практичната работа ја развива способноста за планирање и извршување, ја зајакнува храброста и издржливоста и бара покажување на тактичност и умешност.“ – Воспитување, 220.
„Во Божјиот план за Израел, секое семејство имало парче обработливо земјиште. На тој начин биле обезбедени и средства за живот и поттик за корисна и внимателна работа од која секој би можел сам да се издржува. И со ниту еден човечки изум не е ниту пак може да биде подобрен.“ – Совети за родителите, учителите и студентите, 229.
„Системот на воспитување и образование во минатото требало да се постави на поширока основа. Покрај училиштата треба да се подигаат земјоделски имоти и занаетчиски работилници. Учителите се должни да ги упатуваат студентите во домашните работи. Еден дел од времето секој ден треба да се посветат на практична работа, за да можат и физичките и умните сили и способности да се развијат рамномерно. Ако училиштата беа така уредени, денес не би имале толку поединци со неурамнотежен ум.“ – 3. Сведоштво, 153.
„Обработувањето на земјата спаѓа во најдобрите видови на занимања, зашто тука работат мускулите, а мозокот се одмора. Проучувањето на земјоделието треба да претставува еден од основните чекори во образованието во нашите училишта. На таа работа треба нај напред да се пристапи. Нашите училишта не треба да зависат од производите од увоз, за житарки, зеленчук и овошје кои се толку битни за нашето здравје. Потребно е нашата младина да се поучува во сечењето на дрва и обработување на земјата исто така како и во знаењето од книгите. Треба да се постават учители кои ќе надгледуваат извесен број на ученици при работата и кои ќе работат со нив...
„Секојдневната, систематска работа треба да сочинува дел од образованието на младината, дури и во овој доцен период. На тој начин многу може да се постигне. При менувајќи го тој план, учениците ќе стекнат еластичност на умот, бистрина на мислите и во дадено време ќе можат повеќе да научат отколку да се посветиле само на учење.“ – 6. Сведоштво, 179,180.
„Некои не ја ценат вредноста на земјоделската работа. Таквите не треба да создаваат планови за нашите училишта, зашто ќе се попречува напредувањето во правилна насока. Во минатото, нивното влијание претставувало пречка. “ – 6. Сведоштво, 178.
Вторник
3. септември
3. ИНТЕЛЕКТУАЛЕН РАЗВОЈ
а. Како влијае на умот проучувањето на Библијата? Евреите 4:12; 1. Петар 1:23.
„Умот ќе се развива доколку се трудиме да го сфатиме односот помеѓу различни предмети во Библијата, споредувајќи го Писмото само со Писмото, споредувајќи ги духовните работи само со духовни. Не се задржувајте на површината. Вештиот и внимателен истражувач го чека големото богатство на вистината!“ – Порака до младите христијани, 183.
„Доброто познавање на Писмото го изострува умот и ја зајакнува душата против сатанските напади.“ – Порака до младите христијани, 278.
„Оној кој ја сфатил величествената вистина на Божјата Реч никогаш нема да се понижи да размислува за невредни работи. Тој со одвратност ќе ја отфрли лошата литература и лажните забави кои ја изопачуваат денешната младина. Оние кои дошле во контакт со поетите и мислителите од Библијата, чии срца биле допрени од делата на хероите на верата, ќе тргнат кон тие истражувања со почисто срце и многу поблагороден дух отколку кога би се посветиле на проучување на најславните светски писатели или кога би ги набљудувале јуначките дела на разни фараони, Ироди и Цезари.“ – Порака до младите христијани, 178.
б. Под влијание на Божјата Реч, што претставува новозаветното искуство? Евреите 8:10; Псалм 37:30,31.
„Ако со страхопочит ги проучува вистините што се наоѓаат во неговата Реч духот на ученикот се поврзува со духот на Оној кој нема ниту почеток ниту крај. Таквото проучување не само што ќе го усоврши и ќе го облагороди карактерот, туку и ќе ги развие и ќе ги зајакне духовните сили.“ – Патријарси и пророци, 596-599.
„Но скапоцената доверба инспирирана од Бога, втиснува сила и благородност во нашиот карактер. Ако се поучуваме од Неговата добрина, Неговата милост и Неговата љубов, спознанието за вистината ќе станува сѐ појасно и појасно, а желбата за чисто срце и јасни мисли, поголема и посвета. Душата, која читајќи ја Библијата престојува во чистата атмосфера на светите мисли, се преобразува заради постојаната врска со Бога. Вистината е толку голема, толку далекусежна, толку длабока, толку широка, што пред неа, нашето „јас“ се губи од видот. Срцето омекнува и им се покорува на понизноста, добрината и љубовта.“ – Здравје и среќа, 465.
Среда
4. септември
4. ДУХОВНА СИЛА
а. На кој начин проучувањето на Библијата и нејзините поуки ќе доведат до длабоко духовно искуство на идниот мисионер? 1. Петрово 1:23; Ефесјаните 5:26.
„Овозможувајќи ни привилегија да го проучуваме Светото Писмо, Бог пред нас ни поставува раскошна духовна гозба. Многубројни се придобивките кои произлегуваат од духовното наследство на Неговата Реч, за која Тој самиот кажува дека ги претставува Неговото тело и крв, Неговиот Дух и живот. Примајќи ја таа Божјата Реч како храна, ние добиваме духовна сила; растеме во благодат и спознание на вистината. Се стекнуваат и се зајакнуваат навиките на самоконтрола. Слабостите на духовното детство – раздразливост, мрзливост, себичност, избрзани зборови, страсни дела самоволие – исчезнуваат, а на нивно место се формираат и развиваат доблестите на христијанската машкост и зрелост.“ – Совети за родителите, учителите и студентите, 170.
„ Ако човекот верно ги искористува своите способности, колку и да се скромни, Светиот Дух делува на него уште појасно да го сфати тоа што е божествено. Божјото слово преку силата на Светиот Дух станува животодавна сила. Таа е жива и силна и врши силно влијание на умот, не поради ученоста или интелигенцијата на човечкото орудие, туку поради божествената сила која соработува со човечката сила. Целата слава треба да ѝ се оддаде на таа божествена сила.“ – 8. Сведоштво, 55.
б. Која е целта на вистинското мисионерско воспитување? 2. Петрово 3:18.
„Стекнувањето на такво знаење кое ќе не направи подобри луѓе, кое во нас ќе развие најдобри карактерни особини, а душата ќе ја удостои за вечен живот – тоа е најголемо образование. Вечноста никогаш не смееме да ја изгубиме од вид. Највисоко образование е она кое нашите деца и млади ќе ги упати во науката на христијанството, кое преку сопствено искуство ќе им овозможи да ги спознаат Божјите патишта и Неговиот татковски карактер, поуките кои самиот Христос лично им ги предал на своите ученици.“ – Совети за родителите, учителите и студентите, 34.
„ Воспитувањето и образованието на младите е значајна и сериозна задача. Голема цел која треба да се оствари е правилниот развој на карактерот, за да може воспитаникот да се оспособи за извршување на своите должности во овој живот и за конечното влегување во идниот, бесмртен живот. Само вечноста ќе открие како и на кој начин оваа задача е извршена.“ – 4. Сведоштво, 418.
Четврток
5. септември
5. СЕСТРАН МИСИОНЕР
а. Кое било делото од Христовата работа на земјата? Матеј 4:23. На кој начин ние денес треба да ги обучуваме мисионерите да го вршат истото дело? Зошто?
„Да не заборавиме дека здравствено – мисионерската работа е најважна дејност. Никогаш не треба да ја изгубиме од вид возвишената цел поради која се основани нашите санаториуми – напредок на завршното Божјо дело на земјата.
„Лома Линда не треба да биде само санаториум, туку и воспитен центар. Власта над ова место носи и голема одговорност давајќи му воспитен карактер на делото на оваа установа. Овде треба да се основа школа за обука на мисионери кои покрај објавувањето на евангелието ќе се занимаваат и со здравствена работа.“ – Counsels on Health, p. 233.
„Школата во Медисон не само што ги воспитува учениците во познавањето на Писмото, таа исто така овозможува и практична обука која го оспособува студентот да стане мисионер кој сам ќе се издржува во полето во кое е повикан. Во своите студентски денови тој учел како да ѕида, едноставно и цврсто, како да ја обработува земјата и да се грижи за ранетите. Оваа обука за здравствено – мисионерската работа е еден од најголемите цели во основањето на школи...
„Наскоро доаѓа време кога Божјиот народ поради прогонство ќе биде расеан по многу села. Оние кои ќе добијат сестрано образование ќе бидат во предност, каде и да се наоѓаат. Господ ја открива својата божествена мудрост со тоа што на овој начин го води својот народ во обука на сите нивни способности за делото на ширење на вистината.“ – Manuscript Releases, vol. 5, p. 280.
Петок
6. септември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Зошто ова дело на подготовка на мисионерот сега е поважно од било кога?
2. Објасни ја улогата на мануелната работа во воспитувањето.
3. Зошто проучувањето на Библијата овозможува најдобар ментален развој?
4. Какви ќе бидат резултатите доколку студентите редовно се хранат со Божјата Реч?
5. Кои вештини се од помош во обучувањето на сестраниот мисионер?