Back to top

Sabbath Bible Lessons

Воспитување на последната генерација

 <<    >> 
7. лекција Сабота, 17. август 2019

Да се биде учител

„Погрижи се пред Бога да се докажеш како работник кој нема од што да се срами кога верно го проповеда словото на вистината.“ – 2. Тимотеј 2:15.

„Учителите и наставниците мораат будно да бдеат над своите студенти како пастир кој се грижи за стадото кое му е доверено. Тие треба да се грижат за нивните души како некои од кои ќе се бара одговорност за тоа.“ – Совети за родителите, учителите и студентите, 51.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Воспитување, 275 - 282. 

Недела 11. август

1. ОСОБИНИ НА УЧИТЕЛОТ

а. Што треба да ги учи учителот своите ученици? 1. Коринтјаните 11:1.

„На своите студенти, наставниците и учителите треба да им овозможат нешто повеќе од она што можат да го научат од книгите. Нивната положба како воспитувачи е многу одговорна, бидејќи тие работат на обликување на умот и на карактерот на младите. Оние кои ќе прифатат да се занимаваат со оваа работа треба да имаат добро урамнотежен и христијански развиен карактер. Тие треба да бидат благородни во своето однесување, уредно и соодветно облечени, внимателни во сите свои навики, а сето тоа да биде закитено со вистинска христијанска учтивост која ја стекнува довербата и влева почитување.“ – The Signs of the Times, March 14, 1900.

б. Какво духовно искуство им е потребно на учителите? Повторени закони 10:12.

„Секој учител треба секојдневно да прима упатства од Големиот Учител, и постојано треба да работи под Негово водство. Невозможно е учителот правилно да ја разбере и да ја извршува својата задача, доколку не поминува многу време со Бога преку молитва. Само со Божја помош, со искрени напори и самоодрекување, можно е да се надева дека добро и мудро ќе ја извршува задачата за која е повикан.“ – The Review and Herald, September 22, 1885.


Понеделник 12. август

2. ПОДГОТВЕН ЗА УЧИТЕЛ

а. Каков треба да биде ставот на учителот во однос на Божјата Реч? Зошто? 1. Петрово 2:2.

б. Што треба да бараат од Бога водачите на Неговата црква? Псалм 145:15. Што треба да направат во поглед на тоа?

„Бидејќи (оние кои Го чекаат Бога) знаат дека Господ е пред вратата, нивната ревност е оживеана да соработуваат со божествените претставници, залагајќи се за спасение на душите. Тоа се верни и мудри слуги кои му ја даваат на Господовиот дом „потребната храна навреме.“ (Лука 12:42) Тие ја објавуваат вистината која особено важи за сегашното време.“ – Копнежот на вековите, 634.

„Нашата положба пред Бога не зависи од количината на светлина што сме ја добиле, туку од начинот на кој го употребуваме она што го имаме. Така, дури и незнабошците, кои ќе го изберат она што е право колку што можат тоа да го разликуваат, се во поповолна положба од оние, кои добиле голема светлина и тврдат дека му служат на Бога, но ја запоставуваат светлината и во својот секојдневен живот работат спротивно на она што го исповедаат. “ – Копнежот на вековите, 239.

в. Каков бил примерот на Веријанците во проучувањето на светите списи? Дела 17:11.

„О, кога оние кои ја проповедаат светата вистина би се разбудиле и кога, како благородните Веријанци, секој ден би го истражувале Светото Писмо! Браќа проповедници, ве проколнувам да го проучувате Светото Писмо, молејќи се понизно вашето срце да го сфати, за да можете што посовршено да ги подучувате другите на патот кон животот. Вашите совети, молитвите и вашиот пример мораат да бидат животен мирис за живот; во спротивно вие не сте квалификувани на другите да им го покажувате патот кон животот.“ – 2. Сведоштво, 343.

„Мажи, жени и младино, Бог од вас бара морална храброст, цврстина и истрајност во одлуките, ум кој не прифаќа мислење од други, туку самиот разгледува пред да прифати или отфрли нечие мислење, таков кој проучува и ги одмерува доказите и ги изнесува пред Господа во молитва.“ – 2. Сведоштво, 130.


Вторник 13. август

3. МЕНТАЛНА ПРИПРЕМА ЗА ПРОУЧУВАЊЕ

а. За што треба да му се молиме на Бога при припремата за проповедање на вистината на другите? Колосјаните 1:9; Јаков 1:5.

„Еден дел од денот посветете му го на проучување на светите списи и комуникација со Бога. На тој начин ќе стекнувате духовна сила и ќе се развивате преку милоста кај Бога. Само Бог може да ви даде благороден стремеж и желба својот карактер да го ускладите со Неговиот. Приближете му се преку искрена молитва, и Тој ќе го исполни вашето срце со високи и свети намери, и длабок и искрен копнеж за чисти и јасни мисли.“ – Слуги на евангелието, 84.

„Проповедниците кои сакаат успешно да работат на спасување на души, мораат да бидат ревносни истражувачи на Библијата и луѓе кои се молат. Грев е да се биде невнимателен при проучувањето на Словото додека се обидуваш да ги научиш другите. Оние кои ја чувствуваат вредноста на душите сфаќаат дека би ги довеле во опасност доколку се осмелат да бидат невнимателни во однос на нивниот напредок во божественото знаење, и тие бараат засолниште во тврдината на вистината, од каде што можат да добијат мудрост, знаење и сила за да ги извршуваат Божјите дела. Таквите нема да мируваат додека не ја исполнат својата должност.“ – Слуги на евангелието, 83.

б. Со каква опасност се соочуваат оние кои нема да поминат низ соодветна припрема и кои се духовно непостојани? 2. Петрово 3:16.

„Некои од оние кои го прифаќаат проповедничкиот повик не го чувствуваат товарот на делото. Тие имаат погрешна претстава за квалификациите кои се бараат од еден проповедник. Тие мислат дека за оспособување за тој повик доволно е да се стекнат малку знаења од науката и исто толку од Божјата Реч. Некои од нив кои ја проповедаат сегашната вистина толку малку ја познаваат Библијата што им е тешко напамет да наведат барем еден библиски стих. Со своето не вешто нагаѓање тие грешат против Бога. Тие ја извртуваат смислата на светите списи, и зборуваат за нешто што во Библијата воопшто го нема.

„Некои пак сметаат дека образовното и темелно познавање на Светото Писмо се помалку важни, доколку човекот има Божји Дух. Меѓутоа, Божјиот Дух никогаш нема да биде пратен за да одобри незнаење. Тој ги сожалува, ги благословува и им помага на оние на кои околностите не им дозволуваат да стекнат неопходно образование, и понекогаш се спушта на нив за да ја покаже совршеноста на својата сила преку нивната слабост. Меѓутоа, света должност на секој поединец е да ја проучува Божјата Реч.“ – Слуги на евангелието, 89.


Среда 14. август

4. СООЧУВАЊЕ СО СПРОТИВСТАВУВАЊЕТО

а. За што треба да бидат припремени учителите на евангелието? Евреите 12:5.

„Оние кои не сакаат да проучуваат се наоѓаат во постојана опасност да станат џуџиња во духовен и интелектуален раст. Тие сметаат дека имаат одредено разбирање за одредени библиски теми и престануваат да истражуваат, престануваат да копаат длабоко за да ги стекнат сите можни богатства на знаењето. Наместо да ги негуваат навиките на проучување, тие им се предаваат на своите склоности, се задоволуваат со површни знаења и не одат до самата срж на предметот кој го разгледуваат. Оние кои на ваков површен начин проучуваат, нема да бидат подготвени да се соочат со спротивставување доколку се појави. Тие навлегуваат во проблематиката само толку длабоко колку што им е неопходно за моменталната ситуација, и го прикриваат вистинското незнаење на нивниот мрзелив ум.“ – The Review and Herald, April 6, 1886.

„Дело на Светиот Дух е да ве упати во секоја вистина. Ако со срце, ум и душа зависите од зборовите на живиот Бог, каналот на комуникација нема да биде попречен. Длабокото и сесрдното проучување под водство на Светиот Дух ќе ви дава секогаш свежа мана и истиот Дух ќе направи нејзината употреба да има дејство... Оние кои ќе преземат истрајни напори во овој правец, трудејќи се да ја сфатат Божјата Реч, ќе се подготват да бидат Божји соработници.“ – 6. Сведоштво, 163.

б. Каква духовна поука можеме да извлечеме од Давидовото одбивање да го земе Сауловиот оклоп во борбата против Голијат? 1. Самоилова 17:39.

„Младите треба да го истражуваат писмото за себе. Не треба да мислат дека е доволно оние со поголемо искуство да трагаат по вистината, а тие, како млади, можат со целосна доверба во авторитетот на постарите едноставно да го прифатат нивното истражување...

„Не постои човек на кого би требало да се потпреме, тој да мисли за нас. Ниту еден човек, без оглед на тоа кој е, или каква положба има, не би требало да го сметаме за свое мерило. Ние треба меѓусебно да се почитуваме, и да сме наклонети еден на друг, но, во исто време треба да ја користиме способноста која ни ја дал Бог за да можеме сами да сфатиме што е вистина. Секој од нас мора поединечно да развива карактер кој ќе опстане во оној страшен ден Господов.“ – Сведоштво за проповедници, 88,89.


Четврток 15. август

5. НАПРАВЕТЕ ГИ СВОИ

а. Каков пример преполн со вдахновение ни оставил писателот Ездра? Ездра 7:10.

„Ако сакаат во целост да ја исполнат должноста на својата служба, оние кои ја отвораат Божјата Реч пред другите треба претходно внимателно да ја проучуваат. Тие не треба да се задоволат со тоа што ќе се служат со мислите на другите луѓе, туку треба да копаат сами барајќи ја вистината како скриено богатство. Иако е сосема исправно да се собираат идеи од други луѓе, тие не треба да се задоволуваат со повторување на тие идеи како папагал. Присвојте ги тие идеи, браќа, сами формулирајте докази преку сопствено проучување и истражување. Немојте да се служите со напишаните зборови и мислите на други луѓе, и да ги повторувате како напамет научена песна, искористете ги своите таленти, умствените способности кои ви ги дал Бог.“ – The Review and Herald, April 6, 1886.

„Со рано станување и заштеда на многу моменти проповедниците можат да најдат време за подлабоко проучување на Светото Писмо. Мораат да бидат истрајни и не смеат да дозволат нешто да ги одвои од целта, туку мораат постојано да го користат своето време за проучување на Божјата реч, помазувајќи се со вистините кои други со напорна работа ги воочиле и подготвиле за нив. Има проповедници кои работеле со години и поучувале други за вистината, а самите не биле добро запознаени со важните точки на нашето учење. Од таквите барам да престанат со тоа безделничење. Тоа е нивното проклетство. Бог бара од нив секој свој момент да го употребат за сопствено добро или за добро на другите. “Не бидете мрзливи во работата; бидете огнени во духот, служете Му на Господа.” “И кој е немарен во својата работа, брат е на расипникот.“ – 2. Сведоштво, 500.


Петок 16. август

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Каков треба да биде учителот за да може соодветно да одговори на својот повик?

2. На кој начин Веријанците нашле „храна за секој оброк“? На кој начин и ние можеме да го направиме тоа?

3. Кои навики мора да ги негуваат оние кои ги поучуваат другите?

4. Зошто мораме да проучуваме длабоко, за себе, за да можеме да ги подучуваме другите?

5. Како можеме да го подобриме квалитетот на нашето поучување во сите аспекти?

 <<    >>