Back to top

Sabbath Bible Lessons

Воспитување на последната генерација

 <<    >> 
11. лекција Сабота, 14. септември 2019

Допир до светот

„Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание.“ – Mарко 16:15.

„Нашиот Господ Исус Христос дошол на овој свет како неуморен слуга на човечката потреба. За да може да послужи на секоја потреба на човештвото, „Тој врз Себе ги зеде нашите немоќи и ги понесе болестите“(Матеј 8:17). Дошол да го отстрани бремето на болестите, јадот, неволјите и гревот. Неговата мисија била да им донесе на луѓето целосно обновување; Тој дошол да им даде здравје, мир и совршенство на карактерот.“ – Здравје и среќа, 17.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:   Евангелизам, 15-17. 

Недела 8. септември

1. ТВОЈАТА МИСИЈА

а. Која била Христовата мисија додека бил на оваа земја? Јован 18:37. На што се фокусирал Тој за да ја исполни својата задача? Евреите 12:2.

„Секогаш пред себе ги имал резултатите од својата мисија.“ – Копнежот на вековите, 410.

„Во секој поединец гледал душа која треба да ја спаси со својата мисија.“ – Слуги на евангелието, 102.

„Своите желби, Исус во секој поглед строго ги подредувал на својата мисија. Тој го прославил својот ќивот, со тоа што целосно му го потчинил на волјата на Својот Татко.“ – Здравје и среќа, 19.

б. Која треба да биде нашата животна мисија? Јован 15:12.

„Кога ќе го сакаме овој свет како што го сакал Тој, тогаш е остварена Неговата мисија за нас. Тогаш сме подготвени за Небото, бидејќи Небото се наоѓа во нашето срце.“ – Копнежот на вековите, 641.

„Совршенство на христијанскиот карактер се постигнува само со непрекинат стремеж на христијанинот да им помогне на другите и да им послужи на благослов.“ – Делата на апостолите, 415.


Понеделник 9. септември

2. МЕСТО ЗА СЀ

а. Што е карактеристично за еден осветлен град навечер? Матеј 5:14.

„И така среде духовната темнина Божјата слава треба да засвети преку неговата црква, подигајќи ги погазените и утешувајќи ги ожалостените.

„Насекаде околу нас се слушаат жални лелекања на јадосаниот свет. На сите страни има сиромаси и несреќни. Наша должност е да им пружиме помош и да им ги отстраниме или ублажиме животните тешкотии и неволји со кои се соочуваат.“ – Христовите очигледни поуки, 417.

б. За што сме повикани? Исаија 43:10. Според тоа, кој има одговорност за проповедање на евангелието?

„Секој вистински ученик се раѓа за Божјото царство како мисионер.“ – Копнежот на вековите, 195.

„Предност на секоја душа е да стане жив канал преку кој Бог ќе го излева врз светот богатството на својата милост, недосегливото Христово богатство. Христос ништо не сака толку колку човечките орудија со кои на светот ќе му го претстави својот карактер и својот Дух. На светот ништо не му е толку потребно колку љубовта на Спасителот која ќе се покаже преку луѓето. Цело небо чека живи канали преку кои светото масло ќе носи радост и благослов во човечкото срце.“ – Христови очигледни поуки, 419.

в. Каква одговорност има секој член на Црквата? Марко 13:14.

„Божјото дело на оваа земја не може да се доврши сѐ додека членовите на Црквата не се фатат за работа, здружувајќи ги своите сили со силите на проповедниците и служителите во Црквата.“ – Слуги на евангелието, 315.

„Ако некаде се пружи прилика за пристоен живот, таму нека одат семејства кои се добро утврдени во верата, и тоа едно или две семејства во едно место, и таму нека работат како мисионери... Можат да делат наши публикации, да одржуваат состаноци во своите домови, да се запознаваат со соседите и да ги повикуваат да дојдат на тие состаноци.“ – 8. Сведоштво, 245.

„Членовите на црквата нека се пробудат. Нека се заземат и нека помогнат, подржувајќи ги рацете на проповедникот и Библискиот работник, потпомагајќи ги интересите на делото... Ако човек ја манифестира верата, и понизно чекори со Бога, тој... може да го исполни добиениот налог.“ – The Review and Herald, July 9, 1895.


Вторник 10. септември

3. ЖИВА ЦРКВА

а. Каков налог им оставил Исус на своите ученици при разделбата? Марко 16:15.

„Бог ги повикува христијанските семејства да отидат во непросветлени места на земјата и мудро и истрајно да се заложат за оние кои потонале во духовна темница. Неопходно е самоодрекување за да може човек да се отповика на ваква покана. Додека мнозина чекаат да ги отстранат сите пречки, душите умираат без надеж во Бога. Заради земска корист, заради стекнување на научно знаење луѓето се подготвени да отидат во област каде што пустошат заразни болести и да се изложат на тегоби и немаштија. Каде се таквите кои се волни истото тоа да го направат, за другите да ги известат за Спасителот?.“ – Пророци и цареви, 172.

б. На што не повикува Бог сега? Зошто? Римјаните 13:11,12.

„Оние цркви чии членови се активни во работата, тие се развиваат. Помагајќи им на другите, членовите и самите духовно се освежуваат и зајакнуваат.“ – Слуги на евангелието, 180.

„Единствен начин некој да расте во благодатта, е несебично да работи по налогот на Христа - според своите способности да им помага и да им биде на благослов на оние на кои им е потребна нашата помош. Сила се стекнува со вежбање; активноста е основен услов на животот.“ – Патот кон Христа, 80.

в. На кој начин можеме да го забрзаме второто Христово доаѓање? Матеј 24:14.

„ Предност на секој христијанин е не само да го очекува, туку и да го забрза доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос (2. Петрово 3,12). Ако сите што го носат неговото име би носеле и плод на негова слава, колку бргу цел свет би бил засеан со семето на евангелието! Бргу ќе узрее последната голема жетва и Христос ќе дојде да ја собере скапоцената пченица.“ – Христовите очигледни поуки, 69.

„Кога членовите на Божјата Црква, исполнувајќи го налогот на евангелието, би ја вршеле својата должност која им е наменета, таму каде што е потребно, во својата земја или во странство, набрзо цел свет ќе биде опоменат и Господ Исус Христос повторно ќе дојде со голема сила и слава.“ – Делата на апостолите, 111.


Среда 11. септември

4. КАКО РАБОТЕЛ ИСУС

а. Со кои методи се служел Исус во својата работа за другите? Матеј 9:35,36.

„Вистински успех може да се постигне само доколку се примени Христовиот метод за допирање до луѓето. Спасителот се дружел со луѓето како Оној, Кој им посакува добро. Тој го покажувал своето сочувство кон нив, им служел на нивните потреби и ја задобивал нивната доверба. Потоа ги повикувал „Следете ме“.“ – Здравје и среќа, 143.

„Ги барал по улиците, во домовите, на чамците, во синагогите, на брегот на езерото, па и на свадбената свеченост. Се среќавал со нив додека се одморале и покажувал интерес за нивните земни работи. Ги внесувал своите поуки во домаќинството, доведувајќи ги семејствата во нивните сопствени домови под влијание на Своето божествено присуство. Неговата силна лична наклонетост му помогнала да придобие срца.“ – Копнежот на вековите, 151.

„Светот треба да види дека ние не сме себично обземени со сопствените интереси, туку дека сакаме и други да учествуваат во нашите благослови и предности. Светот треба да види дека нашата вера не нѐ прави нечувствителни или луѓе што бараат многу. Сите што тврдат дека го нашле Христа, треба да се залагаат за доброто на луѓето, онака, како што правел Тој.“ – Копнежот на вековите, 152.

б. Кој барал приватен разговор со Исуса? Јован 3:2. На кој начин оваа посета отсликувала голем дел од Исусовата служба?

„ Ние не смееме да чекаме душите да дојдат кај нас; мораме да ги побараме таму. каде што живеат. Кога Речта се проповеда од проповедална, работата штотуку почнала. Мнозинството луѓе никогаш нема да бидат опфатени со евангелието доколку тоа не им се однесе.“ – Христовите очигледни поуки, 229.

„Во голема мера тоа може да се постигне со личен труд. Со таа метода се служел и Христос. Неговото дело во најголема мера се состоело од разговор со поединци. Тој верно се залагал и тогаш кога пред себе имал само една душа. Преку таа една душа често пораката им се пренесувала на илјадници други.“ – Христовите очигледни поуки, 229.

„Исус не го одминувал ниту едно човечко суштество како безвредно, туку се трудел да ѝ даде спасоносен лек на секоја душа... Тој се стремел да им влее надеж на најгрубите и на оние, кои најмалку ветуваат, уверувајќи ги дека можат да станат беспрекорни и потребни; и да развијат карактер со кој ќе посведочат дека се Божји деца.“ – Здравје и среќа, 25.


Четврток 12. септември

5. СВЕТИ

а. Што Исус нѐ упатува да правиме? Матеј 5:16.

„Христос не бара од своите следбеници да настојуваат да светат, туку едноставно кажува: „Нека свети вашата светлина!“ Ако си ја примил божествената милост, тогаш светлината веќе е во тебе. Отстрани ги пречките и Господовата слава сама ќе се покаже. Светлината ќе засвети, ќе ја пробие и ќе ја растера темнината. На ист начин и ти во кругот на своето влијание ќе ја шириш светлината, зашто поинаку и не може да биде.“ – Христовите очигледни поуки, 420.

„Небесните битија сакаат да соработуваат со човечките орудија, за да му откријат на светот што можат да станат човечките битија и колку можат со своето влијание да направат за спасување на душите кои се наоѓаат на работ на пропаста. Божјата љубов толку ќе го исполни оној што е вистински обратен што тој непрестајно ќе копнее на другите да им ја пренесе радоста која ја чувствува.“ – 9. Сведоштво, 30.

„Не постои граница за полезноста на оној што ставајќи се себе си на страна, ќе дозволи Светиот Дух да делува на неговото срце и ќе му го посвети својот живот на Бога во целост.“ – Здравје и среќа, 159.

б. Какво влијание треба да има црквата на светот? Дела 17:6.

„Кога сите што тврдат дека му служат на Бога би го следеле Христовиот пример, применувајќи ги начелата на законот во својот секојдневен живот, и кога секое нивно дело би сведочело дека го љубат Бога повеќе од се и своите ближни како самите себе, тогаш црквата би имала сила светот да го стави во движење. – Христовите очигледни поуки, 340.


Петок 13. септември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Што можеме да научиме од Христовата мисија и начинот на кој е поврзана со нашата мисија?

2. Каква задача Бог ми дал лично мене?

3. На кој начин црквата може да остане жива?

4. Кој бил Исусовиот метод со кој допирал до луѓето?

5. На кој начин Исусовите следбеници ја рефлектираат својата светлина?

 <<    >>