Доброволен прилог во првата сабота За здравствениот центар во Украина
Украина е држава во источна Европа која се граничи со Русија, Белорусија, Полска, Словачка, Унгарија, Романија, Молдавија и со Црно и Азовско Море на југ и на југоисток, редоследно. Со исклучок на Крим, Украина има 42,5 милиони жители. Најзастапени религии се православната и грчко католичката. Главен и најголем град е Киев.
Веста за реформацијата овде стигнала во четириесеттите години на дваесеттиот век. Во разни делови на овој регион, Адвентистите на седмиот ден со своите зборови и со својот живот сведочеле за светлината на третата ангелска вест. Такво било делото во текот на комунистичкиот режим. Во 1990 година, во текот на распадот на СССР, Украина доби слобода. Изградивме цркви и го започнавме делото во нови места.
Меѓутоа, денес луѓето станаа немарни за верските работи. Вистината не е популарна како што била некогаш, а некогашните методи на излагање на вистината денес не се толку ефикасни. Но еден начин на работа секогаш ќе може да отвори пат – медицинско мисионерска работа. Вдахновеното перо пишува: „(Бог) одредил здравствено-мисионерската работа да го подготви патот за објавување на спасоносната вистина за ова време за објавување на веста на Третиот ангел.“ „Нашите санаториуми треба да бидат средство за допирање на народот“ – 6 Сведоштво, 293,225.
Бидејќи болестите и страдањата во светот се умножуваат, потребата за здравствено – мисионерска работа поголема е од било кога. За да ја задоволиме таа потреба ние во 2014 година презедовме чекор за основање на еден здравствен центар. Со Божја помош купивме парче земја во Транскарпатскиот регион. Имотот се наоѓа во близина на градот Хуст на прекрасно, живописно место во чија близина се наоѓаат термални извори. На тој имот се наоѓа и недовршената зграда. Сепак, за да го завршиме проектот потребни ни се уште средства. Многу наши браќа мораат да патуваат во други земји за да заработат за живот. Од тие причини, апелираме нашите браќа и сестри ширум светот финансиски да ни помогнат да го завршиме овој проект. На тој начин ќе бидеме во можност да им помогнеме на душите на кои им е потребно лекување како и да припремиме пат за ширење на веста на евангелието. Бог нека го благослови секој дарител.
Вашите браќа и сестри во Христа од Украина