Дар во првата сабота за Мисиите во светот
Драги браќа и сестри ширум светот,
живееме во последните мигови од историјата на планетата Земја, а нашиот Господ со копнеж чека да нѐ земе дома. Пророчките настани кои се одвиваат пред нашите очи ни кажуваат дека второто доаѓање На Исус е близу, пред вратата. За жал, пораката на евангелието не допрела до сите краишта на земјата, и секое суштество немало можност да ја слушне вистината.
„Луѓето наскоро ќе бидат принудени да донесат големи одлуки и затоа треба да имаат можност да ја слушнат и да ја разберат библиската вистина, за да можат да заземат став разумно да се определат за вистинската страна“ — Евангелизам, 25.
Благодарение на молитвите и финансиските придонеси од нашите членови и пријатели, во многу области се основаат нови мисии. На овие нови мисии и понатаму им е потребна нашата поддршка, сѐ додека не станат добро утврдени, способни самите да се издржуваат. Исто така треба да продолжиме со основање на нови мисии. Секоја година собираме посебен дар за набавка на неопходни средства за ширење на веста во многу делови од светот.
„Господовото наследство необично е запоставено и Бог заради тоа ќе му суди на Својот народ. Со ова натрупување на удобности е поттикнувана гордоста и љубовта кон раскошот, додека новите полиња останале недопрени. Божјиот укор е врз управителите заради нивната пристрасност и себично присвојување на Неговите добра“ —8. Сведоштво, 59.
Дали ќе изберете да ги обедините вашите напори со напорите на мисионерите и нивните семејства со тоа што ќе дадете доброволен дар од вашите средства така што земјата би била исполнета со Божјата слава и Исус би можел да дојде наскоро? Се надеваме дека сакате.
Во име на светот кој има потреба,
Оддел за мисионство при Генералната Конференција