Дар во првата сабота
За црквата во местото Mayiladuthurai, Tamil Nadu, Индија
Mayiladuthurai е главен град во областа Nagapattinam во државата Tamil Nadu, во најјужниот дел од Индија. Тоа е седиште на Mayiladuthurai taluk (административна област). Mayiladuthurai служи како главна спојка по по должината на главната линија која ги поврзува градовите Chen¬nai и Tiruchirappalli (познат и како Trichy). Mayiladuthurai се наоѓа на оддалеченост од 281 километар од Chennai и 130 километри од брегот на Бенгалскиот залив, градот е едвај десетина метри над просечното ниво на морето. Преку него тече реката Kaveri и го дели на областа Uttara Mayuram и Mayuram. Земјоделството е најзастапеното занимање во оваа тропска област, со околу 15% од вкупната работна популација која се занимава со трговија и со 25% во другите трговски активности.
Според пописот од 2011. година Mayiladuthurai имаше околу еден милион жители. Хиндуизмот е главната религија во Mayiladuthurai, а тамил е главниот јазик со кој се служат најголемиот број на жителите. Според пописот за верската припадност од 2011. година, Mayiladuthurai имаше 88,69% хиндуси, 6,38% муслимани, 4,19% христијани, 0,04% сики, 0,03% будисти, 0,32% јаини и 0,35% се следбеници на другите религии.
Пораката на првиот ангел од Откровение 14 има „вечно Евангелие, за да им благовести на жителите земни, на секое племе и колено, јазик и народ“ (Откровение 14:6). Со цел да го објават Божјото дело и да светат како светлина во оваа првенствено незнабожечка област, браќата од своите финансиски средства тука купиле мал плац. Ние сакаме оваа важна порака да напредува и да биде однесена и понатаму-евангелието заедно со здравствено мисионерското дело да биде Божја помошна рака во службата на луѓето кои несреќно живеат во темнина.
Со оглед на итната потреба од финансиски средства за да се заврши овој проект, ние понизно и во Христова љубов ве молиме за помош, како би можеле да го изградиме овој молитвен дом за богослужба и за лекување на болните. Ги молиме нашите браќа и сестри да дадат великодушно за овој проект. Нека Господ го благослови секој од вас за вашата срдечна помош! Однапред ви благодариме за вашите донации.
Вашите браќа и сестри од градот Mayiladuthurai